Возачот кој влета во луѓе во Магдебург е лекар од Саудиска Арабија – возел 400 метри низ божиќниот базар

573
Фото: EPA-EFE/vifogra / Eberlein

Извршителот на терористичкиот напад во Магдебург е лекар од Саудиска Арабија.

Живее во Германија од 2006 година.

„Го уапсивме сторителот, тој е маж од Саудиска Арабија, лекар кој е во Германија од 2006 година“, изјави за новинарите на местото на настанот Рајнер Хаселоф, премиерот на Саксонија-Анхалт.

„Од она што го знаеме во моментов, напаѓачот дејствувал сам, така што не мислиме дека постои дополнителна опасност за градот“, додаде тој. Саудиецот претходно не беше наведен како исламист или опасна личност.

„Билд“ наведува дека мажот работи во клиника во Магдебург.