Возачкиот испит 4.400 евра, се повеќе Германци мамат при полагањето

70

Според најновите податоци во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, речиси половина од кандидатите не го положиле теоретскиот тест за возачка дозвола минатата година. Поточно, дури 44 отсто паднале на тестовите, што е предуслов за практичниот возачки испит.

Покрај тоа, податоците покажуваат дека бројот на обиди за мамење на испитите е значително зголемен, а експертите предупредуваат дека тоа може да биде сериозен безбедносен ризик за учесниците во сообраќајот.

Според податоците на АДАК, цената на возачката дозвола се движи меѓу 2.500 и 4.400 евра.

„Доколку кандидатите го положат испитот нечесно и го немаат потребното познавање на сообраќајните прописи, тоа може значително да ја загрози безбедноста на патиштата“, вели Ричард Гебелт од организацијата TUV.

Кандидатите често се обидуваат да мамат за време на испитите, користејќи технологија или скриени слушалки. Има и случаи кога некое лице лажно се претставува како кандидат кој треба да полага, пренесува „Ф магазин“.

Поради сето ова, ТУВ предлага да се воведе електронска проверка на напредокот на кандидатите во автошколите со цел да се намали бројот на оние кои паѓаат на испитот. Ова би обезбедило учениците од автошколата да го полагаат испитот само кога се доволно подготвени, смета Гебел.

ИЗДВОЕНИ