Воскресна големиот македонски фолк-хит „Во бело, во бело“ со убавата Соња

1634

Пејачката Соња Тарчуловска направи ВИП-промоција!

Песната успеа да опстане на разбранетата естрадна фолк-сцена. Сега доживува нова супер ремикс-верзија која веќе го привлече вниманието на младата популација која кога песната се роди, тие самите не беа родени. Но, еве тие љубителите на техно, се пронаоѓаат во овој безвременски хит!

 

Како што најави деновиве пред промоцијата дека сè ќе блешти и дека ќе се пее од срце и душа, така и бидна. Сето тоа на гала-промоцијата кај некогаш многу популарната (додека активно настапуваше) македонска пејачка Соња Тарчуловска, вчеравечер во прекрасниот амбиент на скопскиот ресторан „Бир гарден“.

Промоцијата замислена пред сè за естрадните новинари кои со години наназад ја следат кариерата на Соња, не само во Македонија, туку и во соседна Србија. Но, како што одминуваше времето, се спонтано се претвори во преубаво другарување меѓу присутните. А, нив ги имаше во огромен број, мислиш се случува некоја мини-свадбичка. Особено затоа што се уште згодната Тарчуловска повторно по 25 години ја промовира својата легендарна „Во бело, во бело“, која инаку беше и остана една од неколку најомилени песни на речиси сите оние кои својата љубов ја крунисуваат со свадбените ѕвона.

                                    Да нема забуна, песната всушност не е свадбарска, туку само е насловот таков поради белата венчаница која ја носи секоја невеста. А, дека песната успеа да опстане на естрадната фолк-сцена тоа е жива вистина. Сега доживува нова супер ремикс-верзија која веќе го привлече вниманието на младата популација која кога песната се роди, тие самите не беа родени. Но, еве тие, љубителите на техно, се пронаоѓаат во овој безвременски хит на Тарчуловска. И тоа благодарејќи му на екстра талентираниот Андреј Николов, кој ги направи ремиксот и мастерингот, а Мелани ги испеа придружните вокали.

Голема поддршка на Соња, покрај колегите и новинарите ѝ дадоа и најсаканите, од нејзиното потесно семејство. Сопругот Јохан, како и постарата ќерка Мелани, која веќе се докажа дека е добра пејачка. Ги памтиме занимливите настапи на милата Мелани на фестивалите „Макфест“ и „Охридфест“, како и впечатливото пеење во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тарчуловска, инаку вечно искрено насмеана, и наградена со огромни букети цвеќиња, ја претстави и својата најнова песна „Црвено“ која беше испратена со импресивен видеоспот (во режија на “Томато продукција“). Целата славеничка вечер, и ако надвор дождлива, беше исполнета со позитивна енергија, со размена на весели мисли.  Со вкусно одбраната софра, љубезниот персонал, соодветните пијачки, а кои сè на сè направија едно чудо волшебности. Со еден збор, незаборавно!!!

Дуле Миќиќ (текст и фото)

ИЗДВОЕНИ