Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите христијански храмови/ФОТОГАЛЕРИЈА

345

Христијанските верници го слават најголемиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден. Вечерва илјадници граѓани се собраа во и пред храмовите каде на полноќ ја слушнаа радосната вест за Христовото воскресение.

Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април.

Фото: Ѕ.Плавевски

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на сите што беа во гробовите живот им подари…

Централната прослава за Велигден беше во Скопје, во Архиепископскиот соборен храм, „Св.Климент Охридски“, каде веста за воскресението ја објави Поглаварот на МПЦ, Архиепископот Стефан.

Велигденско послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан: Трагедијата како ретко кога го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ

ИЗДВОЕНИ