Вонредни контроли по алармот на д-р Чибишев: Конзервираната риба-туна во Македонија е безбедна за консумација!

197

Доктор Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија вчера предупреди дека  европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ.

Според она што го сподели на социјалната мрежа Фејсбук следуваше експресна реакција на надлежните институции.

„Попладнево разговарав со директорот на Агенцијата за храна и ветерина г-динот Оливер Миланов кој ме информира дека Агенцијата после мојот коментар на социјалните мрежи во рамките на своите законски надлежности направи консултации со соодветните европски инситуции задолжени за контрола на безбедноста на храната и направи вонредни контроли на посочените конзерви туна и гарантира дека овие производи кои се продаваат во трговската мрежа во Република Македонија се безбедни за консумација.

Браво за брзата, одговорна и професионална реакција.

Не сме исти!, напиша докторот на Фејсбук.

Д-р Чибишев повикува на внимателност: Во конзервирана риба-туна откриена голема концетрација на жива која може да предизвика оштетувања на централниот нервен систем!

ИЗДВОЕНИ