Вонредна состојба во најсиромашната земја во Европа: Им се заканува смрзнување!

83
EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во новата година, рускиот гас престана да тече низ Украина до Европа. Киев го нарекува „историски“ момент бидејќи одбивањето да се продолжи транзитниот договор со руски Газпром го запре протокот на пари за финансирање на инвазијата на Украина. Но, во соседна Молдавија, тој потег се заканува да предизвика криза.

Во Приднестровје, сепаратистички регион во источна Молдавија, лојален на Москва, годината започна со греење само во болниците и клучната инфраструктура, додека домовите останаа без топлина.

„Топлата вода беше вклучена до околу два часот наутро, проверив. Сега ја нема, а радијаторите едвај се топли“, изјави Дмитриј за Би-Би-Си од неговиот стан во енклавата. „Сè уште имаме гас, но притисокот е многу низок – само она што остана во цевките.

„Соберете се во една соба, затворете ги пукнатините на прозорците со ќебиња“

Приднестровје се отцепи од остатокот на Молдавија во кратка војна по распадот на Советскиот Сојуз. На нејзина територија се уште има руски војници, а економијата е целосно зависна од рускиот гас, за кој властите во Тираспол не плаќаат ништо.

„Тие едноставно водат евиденција за долгот секој месец“, објаснува Јакуб Пиенковски од полскиот институт за меѓународни односи (PISM). „Но Русија не е заинтересирана да ги наплати тие пари.

Сега таа врска преку Украина наеднаш е прекината. Во некои градови на Придњестровје, властите поставија „топлински пунктови“, а на граѓаните им стојат на располагање броеви за да им помогнат да најдат огревно дрво. На семејствата им беше препорачано да се собираат во една просторија за да се загреат и да ги покријат пукнатините на прозорците и вратите со ќебиња.

Но, главната електрана во Приднестровје, во Курчуган, веќе користи јаглен наместо руски гас, а властите тврдат дека јаглен има доволно само за 50 дена. Ова може да предизвика проблеми и за остатокот од Молдавија, која добива 80% од електричната енергија од Курчуган.

Владата во Кишињев тврди дека има доволно гас за загревање на земјата до пролет и дека ќе почне да купува струја од Европа, но тоа ќе значи огромно зголемување на трошоците. Минатиот месец беше прогласена вонредна состојба, а на граѓаните и стопанствениците им беше наложено да ја намалат потрошувачката за да се подготват за можни прекини на електричната енергија.

ИЗДВОЕНИ