Екологистите од Неготино добија поддршка од Мировниот корпус. Волонтерка од САД ќе помага во решавањето на еколошките прашања во Тиквешкиот Регион, информираа од екоздружение за заштита на природата „Ековита“ од овој град.

– Имаме одлична вест за сите млади активисти во Неготино. Со претставници од „Peace corps“ ја одржавме првата средба и започнавме со планирање заеднички активности. Со нетрпение очекуваме успешна соработка и многу нови можности за младите активисти од Неготино. Волонтерката од „Peace corps“ во наредните две години ќе работи на едукација и поддршка на младите во дебатниот и арт-клуб – соопштија од „Ековита“. 

Координаторката на проекти во Здружението, долгогодишна активистка и дипломиран земјоделски инженер, Кристина Тодорова, појасни дека главен фокус на волонтерката ќе ѝ бидат обука за пишување проектни апликации, поттикнување корисни младински иницијативи, развој на креативни идеи за позитивни промени во заедницата.

– Ова е голема можност за младите што сакаат да научат, како да ги реализираат своите идеи и да придонесат за подобро општество, преку младински активизам – посочи Тодорова. 

ИЗДВОЕНИ