Откако ја анализираа работата на Ностадамус, истражувачите предвидоа сериозно застрашувачки работи за 2025 година.
Со векови, Нострадамус и неговите пророштва го привлекуваат вниманието на луѓето, а како што се приближува 2025 година, неговите предвидувања се повеќе се цитираат.
Мистериозна кутија, запечатена со векови, содржи десет пликови со пророштва кои би можеле да сменат сè.
Францускиoт лекар и астролог кој живеел во 16 век, роден како Мишел де Ностредам, предвидел неколку пророштва за следната 2025 година. Според истражувачите кои ја проучувале неговата работа, следната година возможен е удар на астероид, избивање на болест слична на чума во Обединетото Кралство, меѓудругото.
Чума и војна
Нострадамус предвиде дека следната година ќе биде „полоша од непријателот“ за Обединетото Кралство бидејќи ќе се соочи со античка чума. Имено, тој беше оној кој ја предвиде пандемијата Ковид-19, која се оствари во 2019 година.
Многумина мислат дека ова пророштво се однесува на раздорот во кралското семејство, кое „како чума“ ја уништува британската монархија.
Удар на астероид на Земјата
Нострадамус, исто така, предвиде дека во 2025 година, населението би можело да биде сведок на џиновски астероид кој удира во Земјата или заканувачки се приближува до неа. Според извештајот на „Њујорк пост“, Нострадамус напишал: „Од космосот се издига огнена топка. Предзнак на судбината, светот моли. Науката и судбината во космички танц, судбината на Земјата, втора шанса“.
Истражувачите изјавија дека зборовите на Ностардамус „втора шанса“ може да значат „изумирање на постоечката цивилизација која континуирано ги ограбува и уништува природните ресурси.
Крај на руско-украинската војна
Нострадамус, исто така, предвиде дека тековната војна меѓу Русија и Украина може да заврши во 2025 година, откако двете нации ќе останат без ресурси и финансии. Според Њујорк пост, тој напишал: „Низ долгата војна, целата војска е исцрпена, нема да најдат пари за војници; наместо злато или сребро, ќе дојдат до печатена кожа, галски месинг и знакот на месечината“.
Спомнувањето на галскиот месинг и знакот на Месечината сугерира француска и/или турска интервенција. Двете нации ја поддржаа Украина и потенцијално би можеле да играат улога во посредувањето на мирот или оркестрирањето на победата.
Nostradamus predictions for 2025 revealed — and there’s all sorts of doom and disaster to prepare for https://t.co/NfXeasmG4O pic.twitter.com/E4KKyoR5wN
— New York Post (@nypost) December 9, 2024
Природни катастрофи во Бразил
Предвидувањата на францускиот астролог исто така покажаа дека Бразил може да биде сведок на поплави и вулкански ерупции поради климатските промени. „Светска градина во близина на новиот град, на патот кон шупливите планини: Ќе биде фатена и потопена во када, принудена да пие вода затруена со сулфур“.
Некои веруваат дека „светската градина“ е амазонската прашума. Непријатните делови за потопување во када и пиење сулфур укажуваат на поплави и вулканска активност.
Во предвидувањето на Нострадамус се наведуваше и дека Франција и Турција би можеле да војуваат.
Пристигнување на „Воденото Царство“
Можеби апокалиптичните плими ќе доведат до воденото царство кое Нострадамус исто така предвиде дека ќе се случи во 2025 година.
„Од длабочините ќе се издигне владетел, среде поплавата до небото. Империите ќе паѓаат и нови бранови ќе владеат, водена империја, од царството на океанот“.
Познат како „Пророкот на пропаста“, Нострадамус предвиде некои од современите настани: доаѓањето на Хитлер на власт, нападите од 11 септември и пандемијата на Ковид-19. Се верува дека мрачниот светоглед на Нострадамус бил обликуван од значајни дози на Стариот завет и траумата при губењето на сопругата и малите деца, кои починале, веројатно од чума.
Не можејќи да ги излечи оние што најмногу ги сакал, изгледа дека сакал да го предупреди човештвото за потенцијални опасности.
Со објавувањето на неговата позната книга „Les Propheties“ во 1555 година, Нострадамус на светот и на неговите идни генерации му подари квази-поетско читање кое предвидува војни, помор, природни катастрофи, граѓански немири, политички убиства и други лоши работи.
Тешка за читање, книгата одамна стана класика, а многу од предвидувањата од нејзината корица, за жал, веќе се остварија.
Французинот беше одговорен за прогнозата на силниот земјотрес што ја потресе Јапонија минатата Нова година.
За 2024 година, пророкот напишал: „Сувата Земја ќе стане уште поисушена и ќе има големи поплави“.
Предвидувањата на Нострадамус за 2024 година, исто така, вклучуваа абдикација на кралот Чарлс, војна со Кина, нов папа и свет кој се повеќе се приближува до климатската апокалипса.
И папата и кралот сè уште цврсто седат на својот кралски и папски престол, иако Чарлс неодамна престана да му плаќа додаток на својот брат Ендру.
Во јуни, американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, им рече на безбедносните службеници дека војната со Кина не е „ниту невозможна, ниту неизбежна“, па затоа е нерешено. Истото важи и за климатските промени, кои убиваат полека, но сигурно.