Голманот на Барселона, Војчех Шчесни, изјави за ЕСПН дека ја загубил битката со пушењето и ги повика другите да не го следат неговиот пат. Тој се врати од пензија и му се приклучи на клубот во октомври. Оттогаш тие имаат забележано само еден пораз на 25 настапи – на гостински терен против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, минатата недела.
Навивачите често скандираат „Szczesny fumador“ (Шесни пушачот) во текот на натпреварите, со оглед на тоа што тој отворено зборуваше за тоа дека пуши уште од самиот почеток. Иако знае дека е лоша навика тоа, нагласува дека тие не треба да го следат неговиот пример.
- Постојат делови од играта каде што мислам дека можам да бидам совршен пример за младите луѓе, дури и за моите соиграчи. Но, има и работи во мојата кариера што не треба да се следат. Во некои аспекти, не сум добар пример, но се обидувам да бидам најдобрата верзија од себе и да бидам добар пример за моите соиграчи и за децата што нè гледаат. Но, кога станува збор за пушењето, ве молам, не следете го мојот пример. Ја загубив таа борба – истакна искрено Шчесни.