Авионот на Азербејџан ерлајнс кој се урна во Казахстан се чини дека е соборен со „нешто многу слично на противвоздушна ракета“, изјави воениот експерт Јан Метвејев. Станува збор за авионот на летот 8432 кој полетал од главниот град на земјата Баку во средата наутро. Дестинацијата беше Грозни во Чеченија.
„Авионот беше оштетен од нешто многу слично на противвоздушна ракета. И навистина е многу, многу тешко да се претпостави нешто друго без сериозни докази“, изјави Јан Матвеев, пренесува Euronews.