Воен аналитичар: 15 минутниот молк прекинат со „звучен топ“! Српското МВР демантира – не сме користеле

367
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Звукот што одекна вечерва за време на 15-минутниот молк за време на протестот во Белград, предизвикувајќи паника кај насобраните, е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.

И лидерот на партијата „Срце“ Здравко Понош објави дека на вечерашниот протест во Белград бил употребен звучен топ.

„Користевте звучен топ. Пукавте во граѓаните додека тие тивко им оддаваа почит на жртвите на вашиот режим. Човеку, пукаше во луѓето што мирно протестираат. Не можеше да издржиш. Ова е мир, стабилност“, објави Понош на мрежата Х по инцидентот на вечерашниот протест, кога акцијата 15 минути молк беше ненадејно прекината.

Од српското МВР вечерва соопштија дека не употребиле звучен топ бидејќи тоа е забрането.

Што е звучен топ?

Тоа е несмртоносно оружје кое емитува интензивни звучни бранови во одредена насока, а кај засегнатите може да предизвика главоболки, гадење, дезориентација и трајно оштетување на слухот.

Звучен топ е уред кој користи интензивни звучни бранови за да постигне одредени ефекти, најчесто со цел контрола на толпата, одвраќање на птици или уништување проектили.

Постојат неколку видови звучни топови, а нивната употреба зависи од фреквенцијата и јачината на звукот што го произведуваат, пишува.

Еден од нив е звучен топ со висока фреквенција што се користи за воени и полициски цели за контрола на немири, одбивање напади или комуникација на долги растојанија. Тие испуштаат екстремно гласни и насочени звучни бранови кои можат да предизвикаат болка, дезориентација и привремено губење на слухот кај луѓето, пишува Данас.рс.

ИЗДВОЕНИ