Водоводна мрежа на улицата „Бел Камен“ во Чучер Сандево 

56

Се одвиваат градежни активности за изведба на водоводна мрежа на потег од еден километар на улицата „Бел Камен“ во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка.

Градежните активности на терен опфатија реконструкции на 10 улици краци на улицата „Бел Камен“ кои припаѓаат на територијата на општина Чучер Сандево од кои осум се веќе завршени, а со оваа инвестиција се обезбедува напуштање на досегашната водоводна мрежа која е несоодветна и со незадоволителен профил.

Од Град Скопје соопштија дека со реализацијата на овој проект се решава горлив проблем на жителите на општина Чучер Сандево, чии потреби повеќе од 30 години се заборавени, а барањата игнорирани.

-Поради старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел жителите се соочуваат со чести дефекти, а со поставувањето на оваа нова мрежа се врши и преповрзување на постојните објекти, односно на 110 приклучоци, со што обезбедуваме поквалитетен живот на нашите сограѓани – соопштија градските власти.

Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на овие предизвици е еден од приоритетите.