Се скараа и си кажаа грди зборови! На естрадата се и сешто се случува, само да се освои публиката, а кога ќе ја освоиш, тогаш проблемот не се парите. Тие течат како од пуштена чешма. Но парите и успехот презвикуваат често најразновидни коментари и завист. Така е кога е во прашање успехот на познатиот пејач Радиша Трајковиќ, слаткоречиво наречен Ѓани. Тој има секакви настапи кои предизвикуваат бурни рекации не само кај публиката, туку во последно време и кај познатите личности. Па, така еднаш кога Ѓани си пиел алкохол сипан во туѓ чевел, секако за одличен бакшиш, премногу бурно реагирала познатата српска водителка Маријана Миќиќ.
– Ова е толку одвратно што со закон треба да се забрани. Тој како некоја машката проститутка треба да биде уапсен затоа што тоа го работи само за пари, напиша водителката алудирајќи на таа снимка, која стана хит на социјалните мрежи.
По оваа објава на водителката Маријана Миќиќ, се огласи и Слаѓа Трајковиќ, сопругата на Ѓани.
– Миќиќ е навистина убава дама, така да секој може да го коментира тоа видео како што сака. И таа си коментира онака како сака. Мојот Ѓани никого не убил, киднапирал или измамил, вели расположената Слаѓа.
– И Мадона се и сешто работи на сцената, па зошто да не и Ѓани? Маријана Миќиќ е водителка, актерка, токму затоа не треба да ѝ е чудно тоа што прават пејачите. Актерите прават многу повеќе во вид на глумата. Можеби и на Ѓани му е ова само добра глума, но и добро платена глума, констатира сопругата на пејачот. Д.Миќиќ фото:ФБ