Минибус со патници паднал во Дунав откако се судрил со автомобил на мост во Иловица во западна Романија, во округот Мехединци, на лице место се нуркачки екипи.
Нуркачите пристигнале со хеликоптер на местото на настанот за да започнат со потрагата. Водата е длабока десет метри во делот каде што се урна минибусот.
Возачот на другиот автомобил е повреден и пренесен во болница. Тој рече дека се обидел да сврти лево кога одзади го удрило комбе.
– Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е само возачот и уште едно лице, но ние сè уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе луѓе под вода. „Шансите за преживување се многу мали по неколку минути, сѐ уште не го знаеме бројот на луѓе во минибусот и како што кажав, сите екипи се мобилизирани“, објасни Раед Арафат од Итната помош.
Патниот сообраќај е целосно блокиран на мостот до завршување на спасувачката акција.
– Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, силите пристигнаа таму, но потребен е целосен тим нуркачи – изјави Арафат.