Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

12

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.03.2025 до 07.03.2025 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ