Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

17

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.01.2025 до 17.01.2025 година зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ