Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода на повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.12.2024 до 27.12.2024 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.