Во знак на сеќавање на Џими Картер: Палестински активисти посадија 250 стебла маслинки на Западниот брег

33
Тоа, како што беше соопштено, го направиле бидејќи Картер безрезервно се залагаше за „палестинските цели“.
Извршниот директор на Дружението на палерстински фармери Абас Мелхем изјави дека наследството на поранешниот американски претседател е вкоренето меѓу Палестинците низ светот бидејќи Картер беше еден од светските лицери кои „беше цврст во поддршката на борбата на Палестинците за независност и за слобода“.
Мелхем изјави дека околу 10.000 квадратни метри маслинови дрвја во градот Тулкам ќе го носат името „Фарма на слободата“ и дека ќе бидат оградени за да се заштитат од животни и од екстремните еврејски населеници, кои претходно ги сечеа стеблата.
Овој проект е започнат заедно со американската невладина организација „Слобода за Палестина“.
Картер, кој почина во декември во својата стота година, посредуваше во мировниот договор меѓу Израел и Египет во 1978 година.
Подоцна, тој остро ја кририкуваше контролата на Израел над Палестинците велејќи дека ситуацијата на Западниот брег се граничи со апартхејд.
„Мислам дека садењето на маслиновите дрвја кои живеат најмалку 100 години како тој е сосема соодветен начин да се изразе почитта кон неговиот живот и наследство“, рече Џорџ Зеидан, директор на Центарот Картер за Израел и Палестина.

ИЗДВОЕНИ