Во земјотресот што го погоди утринава источен Таџикистан се оштетени 17 станбени згради и едно училиште

26

Земјотресот што утринава го погоди источен Таџикистан оштетил, според прелиминарните податоци, 17 станбени згради и едно училиште, соопшти кризниот центар на Комитетот за вонредни ситуации и цивилна одбрана (CECS) при владата на Таџикистан.

Епицентарот на земјотресот бил на 160 километри североисточно од Душанбе, во областа Рашт, пренесе РИА Новости, пренесува Танјуг.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 16 километри, на 38 километри источно од Рашт, Таџикистан.

ИЗДВОЕНИ