Во време на релативно висока инфлација: По повод Денот на вљубените, Американците ќе потрошат околу 14,6 милијарди долари

33
Фото:пекселс

Американците ќе потрошат 14,6 милијарди долари за подароци на Денот на вљубените оваа година, 400 милиони долари повеќе отколку во 2024 година, покажува најновото годишно истражување на Националната федерација за малопродажба.

Истражувањето, спроведено од Prosper Insights & Analytics, анкетирало повеќе од 8.000 возрасни потрошувачи за нивните планови за купување за Денот на вљубените, објави „Си-Ен-Би-Си“.

Експертите велат дека и покрај забележливите трендови на трошење, инфлацијата може да игра важна улога во тоа дали потрошувачите ќе одлучат да трошат повеќе или да намалат.

Ова рекордно трошење за Денот на вљубените доаѓа во време кога инфлацијата е сè уште релативно висока во САД, при што Индексот на потрошувачките цени (PPI), мерач на инфлацијата, се зголеми за 3 отсто во 12-те месеци што завршуваат во јануари, објави Бирото за статистика на трудот.

Јануарската вредност се зголеми од 2,9 отсто во декември, што беше четврти последователен месец на раст на годишната стапка на инфлација, бидејќи во септември таа изнесуваше 2,4 отсто, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ