Големи слабости во воспоставените јавно-приватни партнерства (ЈПП), во кои се вложени значителни средства, ревизијата на успешноста на тема „Подобрување и унапредување на јавните услуги и инфраструктурните објекти со јавно приватно партнерство“, што се однесува за периодот од 2017 до 2024 година, нотира недостатоци во законските и институционалните рамки, како и во процесите за доделување и спроведување на договорите.

Во текот на вршењето на ревизијата, утврдени се вкупно 68 договори за доделување на ЈПП, но поради несоодветно воспоставена евиденција, постои ризик бројот на склучени договори за ЈПП да е над утврдениот.

Со извршената ревизија опфатени се 25 постапки за ЈПП, при што од расположливите податоци утврдено е дека јавниот партнер наплатил надоместоци во износ од приближно 1,5 милиони евра, додека на приватниот партнер му платил надоместоци во износ од приближно 3 милиони евра.

Вкупното учеството на приватните партнери во овие договори изнесува приближно 37 милиони евра, што ја претставува само набавната вредност на изградените објекти. Учеството на јавниот партнер е значително, но истото не може вредносно да се искаже со оглед на тоа дека се работи за отстапени права (обезбедени согласности и дозволи за градба, решенија), отстапување на земјиште, градежни објекти и опрема.

Едно такво партнерство е склучен во 2011 година за развој и унапредување на туризмот, зачувување на традиционалната македонска архитектура и храна, за комплексот „Македонско село“во село Горно Нерези, Скопско.

– Инвестицијата на државата во Комплексот „Македонско село‘‘ од околу 300 милиони денари не ги даде очекуваните резултати, поради што за изнаоѓање решение и негова употребна вредност во 2016 година се склучил договор за воспоставување на ЈПП. Очекуваниот приход за целото времетраење на договорот изнесува 53,8 милиони денари, што претставува 18% од висината на вкупната инвестиција. Сепак, договорот, кој бил склучен без доволни подготвителни активности и анализи, не обезбеди долгорочна соработка и економски придобивки, поради што истиот беше раскинат од страна на концесионерот во октомври 2018 година, поради економска неисплатливост.

Имајќи го предвид значителното вложување во изградбата на објектот, со ревизијата се укажува дека доколку комплексот „Македонско село‘‘ во иднина не биде ставен во функција и редовно одржуван, постои ризик истиот да биде целосно оштетен од надворешни влијанија, човечки фактор и други штетни влијанија – се забележува во ревизијата.

ИЗДВОЕНИ