Најмалку 11 лица се убиени, а петмина се тешко повредени во масовно пукање во Центар за образование за возрасни западно од Стокхолм, во вторникот попладне. Но, официјални лица предупредија дека бројот на жртвите може да се зголеми, пренесува „Асошиејтед прес“. Меѓу убиените е и напаѓачот.
Официјалните лица изјавија дека три жени и двајца мажи, кои се со тешки повреди од огнено оружје, подлегнале на операција во Универзитетската болница Оребро. Сите жртви имале над 18 години.
Образовниот центар, наречен Кампус Рисбергска, нуди основни и средни образовни часови за возрасни лица од 20 години и постари, часови по шведски јазик за имигранти, стручно образование и програми за лица со интелектуални нарушувања. Се наоѓа на периферијата на Оребро, што се наоѓа 200 километри западно од Стокхолм.
Денеска имаше пукање и во метро-станицата во главниот град на Белгија, Брисел. На снимката од надзорните камери се гледаа најмалку двајца мажи кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот калашников на влезот од станицата Клемансо во раните утрински часови. Надлежните соопштија дека нема жртви.