Ирфан Халилагиќ, премиер на кантонот Тузла, на својот Фејсбук профил објави дека денеска, 27 март, животот го загуби полицаецот Самир Мустафиќ во надојдената река Јала во населбата Булевар во Тузла.
„Денеска бевме сведоци на големата храброст на полицајците, но за жал на најтешкиот можен начин. Во битка со надојдена река животот го загуби Самир Мустафиќ, полицаец во МВР на кантонот Тузла, по почесен повик и исполнувајќи ја заклетвата дадена пред се на граѓаните.
Инаку, денеска вистинската драма се одвива во Тузла, и како што пишуваше порталот „Аваз”, во тек е потрага по полицаец и цивил кои биле однесени од надојдената река.
Еден полицаец бил спасен. Претходно, Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла соопшти дека не можат да дадат многу информации и дека ситуацијата е сериозна. Според „Аваз“, драмата се случила откако започнала потера по осомничен, кој избегал и влегол во коритото на реката.
„Полицајците на Управата за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи во Тузла денес околу 10:30 часот во Тузла, откако забележале возило кое ги загрозува другите учесници во сообраќајот, се обиделе да го запрат, при што забележале две лица склони кон извршување на кривични дела во возилото, кои не ја почитувале наредбата на полицајците да застанат и продолжиле да се движат“, соопштија од полицијата.
Понатаму полицијата додаде дека едно лице го оставило возилото и продолжило да бега, па влегло во коритото на реката Јала.
„Но, поради нивото на водата и силната струја, лицето било изложено на опасност од давење, поради што полицајците влегле по него во коритото на реката. Но, надојдената вода почнала неконтролирано да ги носи. Со помош на граѓанин двајцата полицајци успеале да излезат од водата. Надојдената вода ги однела лицето кое бегало и уште еден полицаец и по нив сè уште се трага“, информираше претходно полицијата.