Во Турција најмалку 59 лица починаа од труење со алкохол произведен во нелиценцирана дестилерија

81

Најмалку 59 лица починаа, а 38 се на интензивна нега во болница во Анкара откако конзумирале алкохол произведен во дестилерии без дозвола.

Врховното јавно обвинителство во Анкара отвори истрага и беа уапсени 28 лица, од кои 25 се ослободени под судски надзор, пишува „Хуриет“.

Тие се осомничени за шверц на алкохол и „предизвикување смрт со можна умисла“.

ИЗДВОЕНИ