Љупчо Палевски зборуваше седнат во првиот ред во големата судница во Кривичниот суд, секој одговор на прашањата од неговиот адвокат беше монолог. Мавташе со рацете, како да е на партиска говорница, а не на обвинително столче. Ја вртеше главата лево-десно, обраќајќи им се на обвинителките, судијата и неговиот бранител. Откако се престави како важна политичка фигура во општествено-политичкиот живот пред настаните за кои е обвинет, следеше прашањето дали тој ладнокрвно ги убил и претходно грабнал жртвите, на што Палевски одговори во свој стил. “Не, немам мотив за тоа, затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск марка Тошиба со преку 200 илјади телефонски гнасотии на политичката елита, но и на новираската професија и доколку сум сакал користољубие сум можел да уценувам милјардери со ферари, но тоа не сум го направил„, рече првообвинетиот за монструозното убиство.
На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во своја одбрана сведочеше првообвинетиот Љупчо Палевски викан Палчо. Добро подготвен, одговорите на прашањата од бранителот Јовица Страшевски личеа на монолози. Неговата теорија за настаните почнува од денот на апсењето кога бил политички киднапиран, а на прес конференцијата за медиумите од поранешниот министер за полиција Оливер Спасовски бил наречен монструм без да била земена предвид пресумпцијата на невиност на Палевски. Се престави како лидер на „Десна“, политичка партија која според нејзиниот претседател била во конфронтација со претходната власт поради обидот за референдум за договорот со Бугарија. Зборуваше за ангажманите со поткастите и аферите кои ги објавувал, една од нив била објавата на документи за ирански бизнисмен кој според Палевски тргувал со ирански дронови наменети за руската федерација преку сметки во македонски банки. Но, успеал да објави само три документи поради што бил уапсен.
„Во тие документи се наоѓа причината за убиството на Никола Младенов, се работи за фирма од Велес, Широко езеро, преку која се испумпани многу пари од Македонија. Објавени се во ноември 540 милиони долари, сметки со веродостојни податоци, од кои 420 милиони долари во Комерцијална банка, на име на ирански државјанин и 120 милиони долари на истото лице во Капитол банка. Ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие средства во Македонија, затоа што иранскиот државјанин продавал ирански дронови „шахиб“ на Руската федерација. Средствата за набавка на дроновите се од Србија, рече Палевски и го посочи екс министерот Спасовски дека дал согласност на иранскиот државјанин да отвори сметка во како што кажа НАТО банки во земјава. Потоа Палевски им се сврте на новинарите, ги нарече багра зад стаклото ( местото од каде што јавноста го следи случајот во судницата) кои биле корумпирани од банкарскиот сектор и една година врескале дека имало докази против него. Тврди дека случајот е полициски креиран , а за тоа има голем удел и сведокот на обвинителството Гоце Трајковски кој глумел дека е Шерлок Холмс, а му испраќал информации на инспекторот Каришиќ.
Откако се престави како важна политичка фигура во општествено-политичкиот живот пред настаните за кои е обвинет, следеше прашањето дали тој ладнокрвно ги убил и претходно грабнал жртвите, на што Палевски одговори во свој стил.
– Не, немам мотив за тоа, затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск марка Тошиба со преку 200 илјади телефонски гнасотии на политичката елита, но и на новираската професија и доколку сум сакал користољубие сум можел да уценувам милјардери со ферари, но тоа не сум го направил.
Потоа зборуваше за неговото патување како што го нарече бегството по извршените грозоморни убиства. Во Турција според неговата верзија бил за да прави магнетна резонанца, долго Плаевски ја објаснуваше дијагнозата со кичмата. Втората причина за неговото заминување во Турција била посетата на воениот архив, од каде имал намера да побара документи кои докажувале дека во селото Баница за време на убиството на Гоце Делчев немало ниту еден аскер, туку дека војводата бил убиен од врховистите. За Москав преку Минск иако сакал не резревирал билет. Требало да оди по новгородски ливчиња ( Новгород е најстар град во Русија) и од јавна библиотека во Москва да го набави најстариот христијански документ од 1057 година. -И на крај моето дестетдневно патување требаше да биде одмор од секојдневните состаноци во партијата, се бранеше Палевски.
Негира дека учествувал во киднапирањето и убиствата на Вања и Панче. За неговиот компањон во планирањето на свирепите убиства Велибор Манев кажа дека е амбициозен, но алчен за пари, за Влатко Кешишев рече дека бил политички неук, но патриот, а Боре Видевски го опиша како дисциплиниран. Палевски тврди дека не го познава од претходно обвинетиот татко на Вања, Александар Ѓорчевски, туку дека го запознал преку кривичната пријава. По прашањата од неговиот адвокат, Палевски треба да одговара на прашањата од обвинителката Жаклина Крстевска и судијата Ивица Стефаносвки. На Палевски и останатите обвинети од Десна им се зканува доживотен затвор. (П.А.)