Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСО) информира дека за време на трите дена од продолжениот викенд ( од 29.3.2025 година до 31. 3.2025 година), поради верскиот празник Рамазан бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Билетарници и центрите за персонализација утре ќе работат со вообичаеното работно време. В недела, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар и Зелен пазар.
В понеделник, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје) и Ѓорче Петров.
Жичницата утре и в недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а в понеделник на Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Жичницата од вторник, ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.