Во тефтерот на педофилот Епстајн повеќе од 50 пати е споменат Бил Клинтон, а ја има и Иванка Трамп

1083

Бил Клинтон, Мајкл Џексон, Иванка Трамп, Мик Џегер, Алек Болдвин,  Наоми Кембел се само дел од звучните имиња што можат да се прочитаат во тефтерот на осудениот милијардер, педофилот Џефри Епстајн.

Овие имиња излегоа на површина откако американското Министерство за правда ги објави документите поврзани со Епстајн, вклучувајќи листа на негови контакти, евиденции на летови со неговиот приватен авион познат како „Лолита експрес” и список на докази кои Владата ги собрала против него.

На објавената листа, за која се шпекулира најмалку една година сe и имињата на актерите Џон Кери, Дастин Хофман, Ралф Фајнс, Етел Кенеди, мајка на новиот американски министер за здравство, Роберт Кенеди, поранешниот гувернер на Њујорк Ендрју Куомо,  рокерите Кортни Лав, Боб Вајнстајн, Роберт Вајнстајн, брат на  осудениот сексуален предатор и филмски продуцент Харви Вајнстајн, манекенката и актерката Лиз Харли, на покојниот милијардер  Дејвид Кох, на покојниот  сенатор Теда Кенеди и други.

Името на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, не се споменува, но во тефтерот со контакти на Епстајн ги има имињата на неговата покојна сопруга Ивана и на нивната ќерка Иванка.

Во судските документи името на поранешниот американски претседател Бил Клинтон се споменува повеќе од 50 пати. Тој патувал со авионот на Епстајн на хуманитарни мисии во Африка, а неговиот тим изјави дека ги прекинале контактите со Епстајн пред да биде истражуван. Но, извесна Сара, која е претставена како робинка на Епстајн, лани изнесе тврдење дека Епстајн тајно ги снимал Клинтон и други луѓе додека имале сексуален однос со нејзина другарка.

Во документите е споменат и астрофизичарот Стивен Хокинг, кој негира дека учествувал во оргиите со малолетнички, но го има на фотографии на островот на Епстајн, во март 2006 година, кога патувал на конференција. Без дополнителен контекст на списокот се и актерите: Гвинет Палтроу, Леонардо Дикаприо, Кејт Бланшет Брус Вилис и Кевин Спејси.

Целата документација против осудуваниот педофил, наречена „Документација за Епстајн, фаза 1“, излезе во јавност откако државната обвинителка на САД, Пем Бонди, побара да се обзнани. Но, „Њујорк пост” пренесува дека на околу 200 страници од овие документи не нашле многу нешта што досега не биле познати.

-Ова не е список на клиенти на Џефри Епстајн, наведува весникот.

Обвинителката Пем Бонди рече дека нејзиното одделение работи на заштита на личните податоци на 250 жртви поврзани со Епстајн, а потоа треба да биде објавена и листата на летовите на авионот на Епстајн, како и други имиња.

Од претходно е позната блиската врска на британскиот принц Ендрју со Епстајн. На почетокот на минатиот месец се појавија нови докази поради кои е можно ФБИ да ја преиспита искреноста на принцот во претходните изјави.

За потсетување, Епстајн е пронајден без знаци на живот во својата затворска ќелија, во август 2019 година, каде што чекаше судење за тргување со секс. Случајот беше официјално прогласен за самоубиство.

 

ИЗДВОЕНИ