Eкипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена, во вчеравечер реализирале низа активности за чистење на Старата скопска чаршија.
– Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост на самиот влез на Чаршијата (поранешна стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад – информираа од претпријатието.
Од ЈП Комунална Хигиена велат дека и во претстојниот период ќе продолжат да спроведуваат засилени активности за одржување на максималното ниво на чистотата на Старата скопска чаршија, којашто претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје.