Спасувачите од планинската спасувачка служба и припадниците на српското Министерство за внатрешни работи трагаат на територијата на паркот Јужни Кучај-Белјаница по пет лица кои исчезнаа пред три дена.
Како што се наведува во соопштението на Планинарската спасувачка служба, спасувачите заедно со припадниците на МВР од Бор, пожарникари и шумар започнале потрага.
Оттаму наведуваат дека се пребарува просторот на новиот национален парк Јужен Кучај-Белјаница во општина Жагувица.
„На теренот има вкупно 15 лица и три возила. Петте исчезнати лица последен пат се видени на Дубашница. Спасувачите од Планинарската спасувачка служба, припадници на МВР и шумар се обидуваат да го лоцираат нивното возило и да ги пронајдат“, соопшти ГШС.