Во Србија е итно повлечен производ од „Синсеј“ – потрошувачите што го купиле се известени веднаш да го вратат

582
Како што пренесува „Блиц“, продавницата „Синсеј“ ги исвестила потрошувачите во Србија за повлекувањето на производот, поточно, за чинивчето во облик на елка со мотив ирвас, со ознаки 897CX-MLC.
Најверојатно станува збор за можно лупење на фолијата на површината на примерокот од чинијата.
„Синсеј“ апелира до потрошувачите во Србија кои го купиле овој производ да престанат да го користат и да го вратат во продавниците, пренесува „Блиц“.
Доколку сте го купиле производот во блиската продавница, можете да го вратите и без сметка. Меѓутоа, ќе бидете замолени од страна на персоналот да пополните соодветен формулар.
Инаку, истиот производ беше повлечен и од хрватскиот пазар.