Во Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово: Пуштале музика и не ја почитувале седумдневната жалост – приведени 17 лица

88

Изминатиот викенд, на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово, од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик, односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно. Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходно, приведени беа и двајца 18-годишници, кои и покрај седумдневната жалост, во угостителски објект во Градскиот парк организирале роденденска прослава, при што запалиле и огномет. По контролите на пазарните инспектори и МВР, затворени беа и два локали, кои исто така не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани. На социјалните медиуми се споделуваше и видео од две лица кои исто така палат огномет и бегаат со мотор.

ИЗДВОЕНИ