Македонскиот натпреварувач во синоќешното балканското тв шоу “Никогаш не е доцна“ Кире Науновски од Свети Николе е уште еден доказ дека Македонија навистина има неверојатно многу талентирани пејачи, од светскиот калибар. Кире во шоуто ја испеа легендарната песна “Благујно дејче“ (во дует со пејачката Сара), од репертоарот на легендарната Есма Реџепова. На тој начин Кире ја однесе победата со што се стекна со право да оди во понатамошните изданиа од шоуто, па се до финалната емисија. Популарниот Харис Џиновиќ кој беше во жирито, занеме останувајќи без зборови во врска со феноменалното пеење на Кире! (Д.М.)