Во Швајцарија стапи на сила забраната за носење бурки

13

Во Швајцарија, на првиот ден од 2025 година, стапи на сила законот за забрана на покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурки“, а неговото прекршување може да се казни со парична казна до 1.000 швајцарски франци ( 1.064 евра)

Иницијативата против носење бурка беше одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година, а исклучоците од законот ќе вклучуваат покривање на лицето од безбедносни, временски или здравствени причини, а исто така ќе биде дозволено и од уметнички и забавни причини, како и за рекламирање.

Од 1-ви јануари стапија на сила новите правила кои го усогласуваат швајцарското меѓународно наследно право со Европската регулатива за сукцесија.

Кога станува збор за наследството, често се јавуваат судири на јурисдикција помеѓу Швајцарија и остатокот од Европа, а новиот закон ја приближува Швајцарија до Европската унија. Државните пензии од денеска се зголемени и во Швајцарија, за 2,9 отсто, со образложение дека тоа е неопходно за да се држи чекор со растот на цените и движењето на платите.

Според тоа, минималната државна пензија ќе се зголеми од 1.225 на 1.260 швајцарски франци месечно, а максималната пензија од 2.450 на 2.520 швајцарски франци.

Од 1 јануари швајцарските закони ќе бидат поефикасни во борбата против детските бракови.

Браковите во странство во кои се вклучени малолетници повеќе нема да се признаваат доколку барем еден од сопружниците бил жител на Швајцарија за време на бракот.

Детските бракови сега може да се поништат на барање на властите или засегнатата страна до 25-тиот роденден на лицето, додека претходно тоа беше можно само додека не наполни 18 години.

Измената на законот има за цел да ги спречи таканаречените „бракови на годишен одмор“, односно детските бракови кои се склучуваат кога семејствата патуваат во друга земја каде што може да се постави пониска возраст за брак.

Дополнително, браковите нема да се признаат во Швајцарија доколку и двајцата сопружници не наполниле 16 години.

ИЗДВОЕНИ