Во Швајцарија е отворена најстрмната жичарница на светот

22
Во Швајцарија вчера беше отворена најстрмната жичарница во светот, која ги поврзува селата Стехелберг и Мирен во кантонот Берн.Патувањето по стрмните карпи на Миренфлу трае само четири минути, жичарницата се искачува на висина од 775 метри преку патека долга речиси 1.194 метри, објави порталот Swissinfo.Секоја од двете кабини на жичарницата може да прими 85 патници, односно да превезува околу 800 луѓе за еден час.

Жичарницата работи автоматски, без персонал, а камерите и сензорите обезбедуваат постојан мониторинг, пренесува Танјуг.