Воспитувачка од градинка во Тексас е уапсена поради монструозно физичко и емоционално малтретирање деца.
Шокантните снимки од безбедносните камери го открија монструозното однесување на наставничката во градинката Панкин Дудлс во Иландејл, Тексас. Катарина Гузејка (44) е уапсена под обвинение дека со месеци физички и емоционално малтретирала шест деца на само две години.
На вознемирувачката снимка се гледа како Гузејка клоца момче кое лежи на подот, фрла со разни предмети кон децата, ги тера да гледаат во ѕидот, ги буди од сон и грубо ги влече за раце. Полициската истрага покажа дека Гузејка се вклучила во насилничко однесување во најмалку 134 одделни прилики помеѓу јули и октомври 2023 година.
Сопственикот на градинката веднаш ги контактирал родителите и полицијата откако ја открил застрашувачката снимка.
Гузејка е уапсена и се соочува со шест точки од обвинението за нанесување телесни повреди, а овој случај ја потресе целата заедница.