Во бразилскиот град Рио де Жанеиро е регистриран најтоплиот ден во последните 10 години.
Живата на термометарот се искачи до 44 Целзиусови степени, објавија вчера медиумите.
Ова е втора највисока температура забележана откако Рио де Жанеиро воведе систем за предупредување за топлина.
Претходниот рекорд беше 43,8 степени, кои се измерени во ноември 2023 година, пренесува АБЦ Нуз.
Градските власти издадоа предупредување за екстремни горештини во наредните денови. На јавни места се поставени станици за разладување, додека здравствената служба е подготвена да прими зголемен број пациенти со срцеви проблеми.