Во ресторанот на Звонимир Бобан во Загреб попладнево избувнал пожар

94

Пожар избувна во ресторанот на Звонимир Бобан, поранешен фудбалски репрезентативец на Хрватска, на улицата Гајева во Загреб, пренесе Индекс.хр.

Се работи за пожар во машина за перење лоцирана во подрумот.

„Во неделата во 17 часот и 22 минути добивме дојава за пожар во машина за перење алишта, а додека пристигнавме пожарот беше изгаснат од вработените во ресторанот. Се расчистува и се пребарува просторот околу машината за перење“, велат за 24сата од противпожарната служба во Загреб.

Ресторанот е основан во 1995 година.

Ресторанот„Бобан“, лоциран на улица Гајева 9 во строгиот центар на Загреб, нуди медитеранска кујна со акцент на италијанските специјалитети од 1995 година. Специјалитет на овој ресторан е рачно изработка на сите видови тестенини, леб и десерти. Ресторанот вклучува внатрешен простор и две тераси.

Покрај ресторанот „Бобан“, семејството Бобан е поврзано и со ресторанот „Винодол“ на улица „Теслина“, кој е во сопственост на братот на Звонимир, Дражен Бобан. „Винодол“ нуди автентични специјалитети од хрватската континентална и медитеранска кујна, како и бројни автохтони јадења.

ИЗДВОЕНИ