Едно лице загина, а две се ранети во престрелката со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како пластичарска, потврди МВР.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.
Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.
Лицето кое почина е 29 годишен скопјанец кој заедно со уште едно лице на 19 годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош 29 годишникот кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.
-Според соопштението на МВР, на 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање, информираат од МВР. во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.