Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до неговиот американски колега Доналд Трамп пред утрешната средба во Вашингтон.
Америка и Украина се очекува утре да потпишат договор за минерални суровини на кои САД треба да имаат одредени права. Зеленски, пак, бара американски безбедносни гаранции, кои Трамп досега не ги обезбедува.
„Само сакам да знам што ќе се случи утре со нас, со нашата земја, со нашите семејства. Каде сте вие? Не ни требаат само договори за пари. Сега преживуваме“, рече Зеленски.
„Сега не станува збор за замрзнување на конфликтот. Војната нема да заврши утре, бидејќи Путин не е подготвен за тоа“, заклучи тој.