Во Прага не се добредојдени костимирани ергени и момински забави, во Рим казни за оние кои шетаат без кошули или оставаат „љубовни катанци“ на мостовите

105

Патувањето во ЕУ во 2025 година е покомплицирано од претходно, поради воведените построги правила и дополнителни трошоци. Затоа пред да одите на одмор, проверете ги локалните прописи за да избегнете непријатни изненадувања. Во Шпанија која се соочува со проблемот на прекумерен туризам, има мерки што се нарекуваат „забрана на туризмот“ и повеќе се насочени кон негово регулирање. Европските градови се повеќе го регулираат бројот на посетители. Посебно се погодени крстарењата, па така, Ибица и Барселона го ограничуваат бројот на бродови што можат да се закотват во исто време, а пак, најпосетуваните атракции, како Акропол во Атина, Колосеумот во Рим воведуваат квоти за максимален број на посетители. Многу европски градови воведуваат нови правила за туристите или ги зголемуваат туристичките такси. Во Прага не се добредојдени костимирани ергени и момински забави, додека во Рим казните им се закануваат на оние кои шетаат без кошули или оставаат „љубовни катанци“ на мостовите. Во најпосетуваната дестинација за македонските туристи – Грција, туристичката такса изнесува 8 евра по лице на ден (56 евра за една недела), плус има дополнителна „еколошка такса“, која изнесува до 10 евра за ноќевање

Патувањето во Европската Унија во 2025 година е покомплицирано од претходно, поради воведените построги правила и дополнителни трошоци. Затоа пред да одите на одмор, проверете ги локалните прописи за да избегнете непријатни изненадувања.

Во Шпанија која се соочува со проблемот на прекумерен туризам, има мерки што се нарекуваат „забрана на туризмот“ и повеќе се насочени кон негово регулирање.

-Популарните дестинации како Мајорка, Тенерифе и Барселона воведуваат ограничувања на бројот на туристи и правила за изнајмување сместувачки капацитети. Апартманите на Airbnb сè уште се достапни, но лиценците се одземаат за оние кои се регистрирани по февруари 2024 година без посебен влез. Градовите, како Малага и Барселона, воведуваат построги регулативи, додека дополнителни ограничувања се спроведуваат во Мадрид и Аликанте. Поради новите правила, патниците кои изнајмуваат сместување или автомобили ќе мора да остават повеќе детали – вклучувајќи адреса, телефонски број и е-пошта – пишува b92.net.

Европските градови сè повеќе го регулираат бројот на посетители. Посебно се погодени крстарењата. Па така, Ибица и Барселона го ограничуваат бројот на бродови што можат да се закотват во исто време, а пак, најпосетуваните атракции воведуваат квоти: Акропол, Атина – 20.000 посетители дневно, Помпеја – 20.000 посетители  дневно од 2025 година, Колосеум, Рим – 3.000 посетители одеднаш, Плаза де Еспања, Севиља – можен влез од 3-4 евра, а Spiaggia Rosa на Сардинија е затворена за туристи од 1998 година

Исто така, одредени однесувања се забранети – во Прага не се добредојдени костимирани ергени и момински забави, додека во Рим казните им се закануваат на оние кои шетаат без кошули или оставаат „љубовни катанци“ на мостовите.

Многу европски градови воведуваат нови правила за туристите или ги зголемуваат туристичките такси. Во најпосетуваната дестинација, пак, за македонските туристи – Грција, туристичката такса изнесува 8 евра по лице на ден (56 евра за една недела), плус има дополнителна  еколошка такса“ која изнесува до 10 евра за ноќевање. Има сезонски попусти и од ноември до март таксата е само 2 евра на ден. За крстарење за Санторини и Миконос се плаќа 20 евра, односно 5 евра за други дестинации.

Четири евра градски данок плус регионален данок се плаќа за посета на Барселона, Шпанија. Во оваа држава крстарење подолго од 12 часа чини 6,25 евра, на Балеарски Острови се плаќа еколошка такса до 4 евра на ден, а островот Гран Канарија (Моган) воведе нова такса од 0,15 евра по ноќевање. Градските власти на Валенсија и Мадрид планираат да воведат данок.

Познатите туристички градови во Италија наплатуваат такса за ноќевање, во Рим чини 3-7 евра, во Милано 2-5 евра, во Фиренца 1-5 евра, а во Венеција 5-10 евра за еднодневни посети (потребна е потврда QR). Амстердам, пак, го зголеми данокот за 12,5% од цената на сместувањето, а Единбург планира да ја воведе првата градска туристичка такса во Велика Британија

Граѓаните на земјите што не се членки на Европската Унија од 2025 година имаат обврска да аплицираат преку системот EES за влез во Европската Унија, а од 2026 година ќе бидат и во системот ETIAS (проценките се дека пуштање во употреба ќе биде во средината на 2025 година). Очекувана цена за аплицирање во ETIAS за ЕУ е 7 евра.

ИЗДВОЕНИ