
Лидерот во шпанската Ла Лига, тимот на Барселона, планира за време на летниот преоден рок да ангажира нов десен бек. Моментално, таа позиција е резервирана за францускиот интернационалец, Жулс Кунде, но се погласни се шпекулациите дека Барселона ќе размисли за продажба на поранешниот фудбалер на Севилја доколку понудата за неговото обештетување не биде помала од 50 мил. евра.