Во последните 24 часа: Најмалку 52 лица настрадле во израелските напади низ Газа

32
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Новиот број на смртни случаи ги потврдија медицински извори во Газа. Информациите ги пренеле на Ал Џазира.

Во северниот дел на енклавата се убиени 26 лица.

Вработените во болницата Ал-Акса во Деир ел-Балах велат дека повеќе од десетина жени и деца биле убиени во напади на различни локации во центарот на Газа, вклучувајќи ги Нусејрат, Ал Завајда и Магази.

Меѓу убиените рано наутро во петокот беше и Омар ал Дерави, слободен новинар.

Од 7 октомври 2023 година до 25 декември 2024 година, најмалку 217 новинари и медиумски работници беа убиени во Газа.

 

ИЗДВОЕНИ