Во популарното Дубаи чоколадо пронајдени штетни состојки: „Не е препорачливо за човечка употреба“

1049

Во примероцитe на популарното  „Дубаи чоколадо“ увезено во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти Министерството за потрошувачи на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случаи на измама до штети по здравјето, во првите тестови на увезената чоколада од Дубаи е пронајдено речиси сè“, рече министерот за заштита на потрошувачите на Баден-Виртемберг Петер Хаук.

Сите осум тестови спроведени од страна на провинциската Канцеларија за хемиски и ветеринарни истражувања открија загадувачи, алергени, вештачки бои и масти, освен путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадото.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме поопсежни истраги“, рече Хаук.

Чоколадото од Дубаи кое ги поминало тестовите е увезено од Обединетите Арапски Емирати и Турција. Во некои чоколади е пронајден сусам, иако не бил наведен на пакувањето, како и палминото масло, кое исто така не било декларирано како состојка во чоколадото.

Чоколадото од Обединетите Арапски Емирати, според анализата, е „контаминирано“ во текот на процесот на производство до тој степен што е непогодно за човечка исхрана.

Во сите чоколади е пронајдено зголемено количество на вештачки бои, што „сугерира поголем дел од квалитетни состојки од вистинските“, т.е. крем од ф’стаци.

Чоколадото од Дубаи во последните неколку месеци стана хит во Германија и еден од најпопуларните прехранбени производи на божиќните пазари.