Валентина Петриљо е параолимпијка што постигна забележлив успех во кариерата, но сега е во центарот на вниманието поради личната трансформација. Родена како Фабрицио, Валентина беше 11-кратна национална шампионка во параолимписка атлетика, но сега, на 50-годишна возраст, ќе се натпреварува на Параолимписките игри во Париз како жена.

Од 2019 година, Валентина се декларира како жена, а на Параолимпијадата во Париз ќе учествува на трките на 200 и на 400 метри, во класификацијата Т12, која е за спортистите со проблеми со видот. Иако е свесна дека нејзиното учество ќе предизвика контроверзии, Валентина истакнува дека е посреќна како жена, дури и ако довело тоа до промени во нејзините спортски перформанси.

Валентина истакнува дека забележала промени на телото и на перформансите откако почнала со хормонска терапија. Нејзината тежина се зголемила за десет килограми, а нејзиниот резултат на 400 метри, нејзината омилена дисциплина, е послаб за цели 12 секунди. Ова го отвора прашањето за ефектот на хормонската терапија врз спортските резултати, но Валентина истакнува дека нејзините личен идентитет и среќа се поважни од спортските достигнувања.

Нејзиното учество како жена на параолимписките трки предизвика поделени реакции во јавноста. Свесна е дека многумина нема да го прифатат нејзиното учество, но истакнува дека тоа е нејзина лична одлука, се надева на разбирање, решена е да продолжи со натпреварите и да се бори за своето место во спортот.