Рускиот претседател Владимир Путин го повика населението да се обедини во новата година, во која војната против Украина најверојатно ќе влезе во својата четврта година, пренесува Хина.
„Сигурен сум дека се ќе биде во ред. Само ќе продолжиме напред“, рече рускиот претседател во новогодишното обраќање.
Без да ја спомене војната против Украина која започна во 2022 година, Путин ги пофали руските војници кои моментално се во акција. „Вие кои го презедовте овој голем товар сте вистински херои“, рече тој. Војниците ќе ја штитат Русија и ќе обезбедат безбедност и стабилен мир за рускиот народ, додаде Путин.
Новогодишното обраќање на претседателот, кое траеше три и пол минути, се емитува во секоја од 11-те временски зони на земјата кои се движат кон 2025 година, почнувајќи од Камчатка на далечниот исток.