Во одговор на американските царини, британскиот премиер Стармер порача: Светот каков што го знаевме повеќе не постои

76
epa11934538 Britain’s Prime Minister Keir Starmer arrives for a summit on Ukraine at Lancaster House in London, Britain, 02 March 2025. Starmer is hosting a summit of European leaders in London to discuss the ongoing war in Ukraine. EPA-EFE/CHRISTOPHE ENA / POOL MAXPPP OUT

Светот каков што го знаевме повеќе не постои, изјави британскиот премиер Кир Стармер, како одговор на американските царини.

Тој најави дека ќе продолжи да се обидува да постигне економски договор со САД за да избегне дел од царините, но ја истакна и можноста британската влада директно да интервенира за заштита на националните интереси.

Во напис за „Сандеј Телеграф“, Стармер изјави дека ќе продолжи да се обидува да постигне трговски договор со САД и најави можна интервенција на државата на пазарот.

„На некои можеби не им е удобно – идејата државата директно да влијае на пазарот честопати беше исмејувана. Но, не можеме да се задржиме на старите верувања додека светот се менува толку брзо“, рече тој.

Велика Британија е меѓу земјите погодени од новата основна царина од 10 отсто, со дополнителни царини од 25 отсто за извоз на автомобили, челик и алуминиум. Некои земји се соочуваат со уште повисоки царини кои од 9 април ќе достигнат 50 отсто, пренесува „Индекс“.

ИЗДВОЕНИ