Во новата потрошувачка кошница нема алкохол, цигари, летување во странство

105

Новата владина потрошувачка кошница е скроена и ќе биде презентирана следната недела. Во неа нема да влезат акцизните стоки како што се алкохол, цигари, летување во странство и овошја што не се карактеристични за одредена сезона во годината, бидејќи се луксуз.

– Просечната потрошувачка кошничка нема да служи ниту за креирање јавно мислење ниту за политиканство како што се правело претходно, туку ќе биде за потребите на Министерството за економија и труд и на Владата во идните креирања на политики и донесување закони и одлуки, со цел заштита на животниот стандард на граѓаните – најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Тој информираше дека наредната недела ќе биде јавно презентирана и претставена пред медиумите и додаде дека до крајот на месецов ќе биде презентирана и пред Економско-социјалниот совет (ЕСС).

– Просечната потрошувачка кошничка ќе биде комплетен и квалитетен одраз на потребите на едно просечно македонско семејство, а тоа е тричлено семејство според податоците на Државниот завод за статистика – изјави Ристески.

Како што информираше тој, потрошувачката кошничка е веќе готова и ќе оди на усогласување со синдикатите, Организацијата на работодавачи и Организацијата за заштита на потрошувачите.

 

 

ИЗДВОЕНИ