Во Норвешка се гради еден од најдолгите и најдлабоките подводни тунели во светот, што го вбројува меѓу најамбициозните инженерски проекти во Европа, од кој се очекува подобрување на сообраќајната поврзаност, пренесува „Мина бизнис“.
Тунелот „Рогаланд“ или „Рогафаст“ ќе биде долг 26,7 километри, а неговата најдлабока точка ќе биде 390 метри.
Кога ќе биде изграден, а тоа би требало да биде во летото 2033 година, времето на патување меѓу два големи норвешки градови, Ставангер и Берген, ќе биде пократко за 40 минути, пренесува Кликс.ба.
Tунелот ќе биде дел од главниот европски автопат Е39, чија траса е долж западниот брег на Норвешка.
Со поврзувањето на градовите к ако што се Кристиансанд, Ставагер и Хуагесуд, нема да има потреба од превоз со траект.
„Ставангер е четвртиот по големина град во Норвешка. Берген е втор да се надеваме дека ќе се скрати времето на патување и за работниците кои секојдневно патуваат во Ставангер или во Берген“, рече проект менаџерот Рогаланд при Норвешката управа за јавни патишта, Одвар Кармо.
Изградбата на овој тунел, кој се одвива во фази, ќе чини 2 милијарди евра. Работата започна во 2018 година и веќе е изградена половина од тунелот.