Надлежните во Австралија најавија дека од 1 април годинава до 31 март 2027 година нема да се издаваат станови на странци, а потоа ќе се размислува за продолжување на забраната.
Кај Австралијците владее големо незадоволство од состојбата на станбениот пазар и се очекува ова прашање да доминира на парламентарните избори во мај.
Претпоставка е дека забраната ќе овозможи достапност на 1.800 станбени единици годишно. Кириите се најголемиот трошок на Австралијците, кои се исто така погодени од зголемените трошоци за живот.
Владата неодамна усвои реформи со цел изградба на 1,2 милиони станбени единици до 2030 година, пренесува Ројтерс.