Интензивно се спроведуваат градежните работи за пробивање и тампонирање на улицата „Ковачевска“ во Стара Каменица, со вкупна должина од 550 метри.

– Овој инфраструктурен проект, финансиран од Владата на Република Македонија, има цел трајно решавање на долгогодишните проблеми со пристапноста и квалитетот на патната инфраструктура во овој дел од Македонска Каменица. Во рамките на работите, покрај пробивање на трасата и подготовки за тампонирање, во моментов се вршат и мерења за збиеноста на тлото, за создавање услови за понатамошна квалитетна изградба и долготрајност на патот – вели Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица.

Оваа инвестиција е дел од пошироката и долгорочна стратегија на локалната самоуправа за подобрување на локалната патна мрежа.

– Тоа е еден од нашите приоритети во насока на подобрување на условите за живот во сите делови на Општина Македонска Каменица. Како градоначалник, заедно со вработените во ЕЛС Македонска Каменица, континуирано и посветено работиме на унапредување на инфраструктурата во сите населени места во Македонска Каменица. Ќе продолжиме со реализацијата на вакви проекти, со цел секој жител да има пристап до модерна, безбедна и функционална патна мрежа – нагласува Атанасовски.

ИЗДВОЕНИ